spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Средба на државниот секретар Матлиоска со евроабасадорот Рокас и делегација од...

МФ: Средба на државниот секретар Матлиоска со евроабасадорот Рокас и делегација од Европскиот суд на ревизори

Државниот секретар во Министерството за финансии Андриана Матлиоска оствари работен состанок со шефот на Делегацијата на ЕУ Микалис Рокас и Лаима Лусија Андрикене од Европскиот суд на ревизори.

На средбата стана збор за активностите коишто се спроведуваат во земјава со поддршка на ЕУ за поддршка за демократскиот развој, зајакнување на капацитетите на институциите, како и реализација на  голем број инфраструктурни проекти.

„ЕУ е наш стратешки партнер во спроведување на реформите, во транспонирање на европските регулативи во домашните и во реализација на многу инфраструктурни проекти за унапредување на условите за живот“, истакна Матлиоска.

Таа додаде дека покрај ИПА инструментот, дел од таа поддршка ќе биде реализирана и преку новиот План за раст.

Според неа клучно е да се зајакнат капацитетите на институциите, да се вложат силни напори во спровледување на реформите и да се искористат максимално одобрените средства.

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте