spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Координациски состанок на заменик-министерот Јанкуловски со УФР и УИПР за предлог-законски...

МФ: Координациски состанок на заменик-министерот Јанкуловски со УФР и УИПР за предлог-законски измени

Заменикот-министерот за финансии д-р Николче Јанкуловски, оствари координациски состанок со директорот на Управата за имотно-правни работи  Зоран Крстаноски и Кујтим Ибиши, директор на Управата за финансиско разузнавање посветен на измените на законите за експропријација и измените на Законот за  спречување на перење пари и финансирање на тероризам.

Станува збор за две законски решенија чија примената е во рамки на овие две институции коишто се под ингеренции на  Министерството за финансии.

Со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам се адресираат недостатоци на одредби од законот утврдени со Извештајот од 5-от круг на евалуација на системот за спречување перење пари и финансирање тероризам на на Република Северна Македонија од страна на Комитетот MONEYVAL при Советот на Европа, усвоен во мај 2023 година, вели заменик-министерот за финансии.

Тој додава дека дополнителна  причина за донесување на предложените измени и дополнувања е и фактот што во него се вградени решенија во насока на целосно усогласување со законодавството на ЕУ релевантно за спречување перење пари и финансирање на тероризам. Односно усогласување со:
– Директивата 2015/849 за спречување на употребата на финансискиот систем за целите на перење пари или финансирање тероризам,
– Директивата 2018/843 на Европскиот Парламент и Советот од 30 мај 2018 година за изменување и дополнување на Директивата (ЕУ) 2015/849 за спречување на употребата на финансискиот систем за целите на перење пари или финансирање тероризам и изменување и
– Регулативата 2023/1113 на Европскиот Парламент и Советот од 31 мај 2023 година за информациите што ги придружуваат трансферите на средства и крипто средства, кое значи унапредување на пропишаните европски стандарди, меѓу другото потребни за процесот на зачленување на Република Северна Македонија во Единствената Европска Платежна Зона (SEPA – Single Euro Payments Area платформата).

Во однос на измените и дополнувањата на Законот за експропријација, како што нагласува заменик-министерот, се врши усогласување со Законот за градење во однос на изградбата на енергетските објекти од прва и втора категорија, како градби од јавен интерес, како и терминолошко усогласување со Законот за вештачење, согласно кој сега се определува Бирото за процена, наместо Бирото за судски вештачења како институција што врши проценки во постапката за експропријација.

Исто така се врши и допрецизирање на одредби од Законот коишто се однесуваат на другите ограничувања на правото на сопственост, односно се предвидува можност за продолжување на рокот уште за две години за привремено заземање на соседно земјиште. Ова од причини што во услови на изградба на објекти и инфраструктура од стратешки интерес за државата за коишто е потребен подолг временски период за изградба,  досегашниот рок од две години  е недоволен, поради што се овозможува временскиот рок од две години да се продолжува врз основа на образложен предлог на предлагачот на експропријацијата.

Новина во овој Закон е и предвидување на можноста за определување на привремен застапник, предложен од Адвокатска комора, како застапник на правата и интересите на лицата кои би претендирале на наследство во случаите кога сопственикот на недвижноста што се експроприра е починато лице, односно лице со непознато  живеалиште или престојувалиште. На тој начин од една страна се овозможува непречена реализација на јавниот интерес, а од друга страна се обезбедува и соодветна заштита на интересите на сопствениците на недвижноста што е предмет на постапката.

Новина којашто е  содржана во предложениот Закон е допрецизирање и дополнување на одредбите  коишто се однесуваат на постапката за поништување на правосилни решенија за експропријација и раскинување на спогодби постигнати во постапката, кога поради промена на урбанистичко планска или проектна документација, односно истечен законски рок за градба, нема да се реализира јавниот интерес на експроприраната недвижност.

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

Кои се работните позиции во Администрацијата и колкава нето плата им...

0
За сите вработени во администрацијата и целата јавност – Javnaadministracija.mk ги објавува работните позиции согласно систематизацијата на работни места во јавната администрација на Северна Македонија. Дополнително, за секоја...