spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Средба Димитриеска-Кочоска со ММФ - Фискална политика за подобрување на макроекономската...

МФ: Средба Димитриеска-Кочоска со ММФ – Фискална политика за подобрување на макроекономската стабилност и економски раст

 Реформите и забрзување на економскиот раст беа главна тема на средбите во Владата и во Министерството за финансии со Меѓународниот монетарен фонд.

На средбата со Алфред Камер, директорот за Европа во Меѓународниот монетарен фонд, Анет Кјоб, шефица на Мисијата на ММФ  и Себастијан Соса, претставник на ММФ во земјава стана збор за фискалната политика којашто ја води новата Влада и која е насочена кон  подобрување и одржување на долг рок на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност, а преку постепена фискална консолидација, подобрување на управувањето со јавните финансии и одржување на високо ниво на капитални расходи.

„Клучните елементи на кои ќе се заснова фискалната политика што ќе се спроведува во наредниот период ќе подразбира дисциплиниран фискален пристап, намалување на неформалната економија, зголемена наплата на приходи за државниот буџет и севкупна фискална консолидација. Контурите ги поставивме со усвоениот Ребаланс на Буџетот за 2024 година, каде преку заштеди осбезбедивме дополнителни околу 20 милијарди денари, со цел да се сервисираат законски обврски и доспеани обврски, рече министерката за финансии.

Таа додаде дека голем фокус ќе биде ставен покрај на определбата за фискална консолидација и буџетски заштеди и на поддршка на економијата којашто ќе се направи преку инвестиции во инфраструктурни проекти, редизајнирање на структурата на јавните финансии преку одржување високо ниво на капитални расходи и зајакнување на транспарентноста и отчетноста.

„Во Министерството за финансии веќе е при крај подготовката на најзначајниот документ во државата, Буџетот за 2025 година и наскоро ќе биде доставен на усвојување во Владата. Она на што сакаме да дадеме акцент е фискалната консолидација и постепено намалување на буџетскиот дефицит, а притоа постигнување високо ниво на капитални расходи. Исто така, се работи на подготовка на Среднорочната фискална стратегија 2025-2029 година, а првпат е изготвена Изјава за фискална политика која ги содржи насоките за фискалната стратегија за период до 2028 година“, рече министерката.

На средбата беше потенцирана определбата за силна борба со неформалната економија и поефикасна наплата на приходите во буџетот. Покрај зголемени приходи, неформалната економија, како што беше посочено, ќе создаде и рамноправни услови за игра на компаниите и нивна поголема конкуреност, а тоа ќе води кон забрзување на економската активност. Очекувањата се дека инфлацијата ќе се стабилизира, а економијата да закрепне и порасне.

Во оваа насока, како што наведе министерката, веќе се работи на воведување е-фактурирање, која е една од првите активности планирани со цел да се спроведе даночна контрола на поефикасен начин и да се заштедат ресурси во даночната администрација.

Министерката истакна дека соработката со меѓународните финансиски организации за земјава е значајна и дека таа продолжува преку реализација на повеќе проекти.  Посочи дека наскоро се очекува да се потпише договорот со унгарската Експорт-импорт банка за обезбедување средства за буџетска поддршка, кои понатаму ќе бидат пласирани во проекти за локален развој и за поддршка на компаниите.

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

МОН: Стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност

0
Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност: (Slovak National Mobility Programme). Повикот...