spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Рокот за продолжување на правото на студентска стипендија е до 30...

МОН: Рокот за продолжување на правото на студентска стипендија е до 30 октомври 2024 година

Се известуваат сите корисници на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски  години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, дека рокот за аплицирање почнува од 01.10.2024 и трае до 30.10.2024 година.

На порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk, корисникот на стипендија треба да прикачи потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање; уверение со положени испити; уверение за предвидени и положени испити (УППИ образец) со успех од претходните години и индекс од прв запишан семестар до последен заверен семестар, како доказ дека има положено 80% односно 90% (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно договорот.

За било каква информација или прашање обратете се на електронската адреса studentski.stipendii@mon.gov.mk .

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте