На 23.09.2024 година, во просториите на Стопанска комора беше одржана студиска посета на преставници од Министерство на животна средина и туризам и Министерство за енергетика и инфраструктура на Албанија во рамките на проектот “Поддршка за преговорите на Албанија за животна средина, поглавје 27-фаза на тема: “Мониторинг на квалитетот на воздухот и предизвиците за неговот подобрување”.
Експерти за воздух од Македонскиот информативен центар за животна средина го споделија своето искуство во транспонирање и имплементација на ЕУ директивите за воздух со посебен осврт на мониторингот и оценката на квалитет на воздух, начинот на изработка на планските документи за воздух и спроведените донаториски проекти за управување со квалитетот на воздухот.
Исто така, беше овозможена посета на мониторинг станицата за квалитет на воздуx во Центар каде посетителите беа запознаени со начинот на мерење на концентрациите на загадувачките супстанци во воздухот и преносот на податоците.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање