spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Зголемување на безбедноста и обезбедување чувство на сигурност за сите...

Ѓорче Петров: Зголемување на безбедноста и обезбедување чувство на сигурност за сите пешаци: Нова пешачка патека од Волково до Орман

Општина Ѓорче Петров денес со задоволство објавува старт на реализацијата на уште едно ветување дадено кон граѓаните – изградба на нова пешачка патека и улично осветлување од Волково до Орман. Патеката ќе биде во должина од 1.800 метри и ширина од 1.4 метри, а целта е да се поврзе основното училиште „Јоаким Крчовски“ со село Орман, решавајќи децениски проблем од недостиг на безбедна зона за пешачење.

Со оваа инвестиција, општината поставува и ново улично осветлување на патеката, со должина од над 1.400 метри. Вкупната вредност на проектот изнесува 7.000.000 денари. Оваа иницијатива не само што ги заштитува учениците и жителите, туку и создава повеќе можности за спорт, рекреација и здрав живот.

Патеката, која ќе биде комплетно осветлена, ќе обезбеди непречено и безбедно движење за сите граѓани. „Оваа патека е важен чекор кон зголемување на безбедноста на пешаците, подобрување на сообраќајната поврзаност и зголемување на удобноста при движењето,“ истакнуваат од Општина Ѓорче Петров, додавајќи дека очекуваните придобивки од проектот ќе бидат значајни за жителите на Орман. Изградбата на пешачката патека ќе овозможи значително подобрување на сообраќајната комуникација, а пешаците ќе уживаат во зголемена безбедност и удобност, особено во вечерните часови благодарение на новото осветлување. Најважно од сè, новата патека ќе создаде чувство на сигурност за сите граѓани, што е особено важно за жителите на Орман, кои сега ќе имаат безбеден и модерен простор за движење.

Овој проект е дел од заложбите на општината за развој на модерна и функционална инфраструктура, која ќе им овозможи на сите жители да имаат подеднакво безбедни и современи решенија за движење. Општина Ѓорче Петров продолжува со реализација на проекти кои имаат за цел подобрување на инфраструктурата, како и условите за живеење во општината, во интерес на граѓаните и јавното добро.

ПОГЛЕДНЕТЕ👀👈

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...