Во рамките на проектот “Воспоставување на геоинформативен центар за Западен Балкан”, финансиран од германското Министерство за храна и земјоделство се одржaa обуки во Тирана, Р.Албанија на теми “Геопросторни основи за Интегрираниот Систем за Администрација и Контрола” во период од 15-21.09.2024г. и “Анализа на просторни податоци” во период од 23-27.09.2024г.
Овој проект е со цел да се овозможи подобрување и зголемување на геопросторните капацитети во Западен Балкан со цел поддршка на процесот на пристапување кон ЕУ (главно Поглавје 11). На обуките присуствуваа претставници од Секторот за контрола на терен од нашата Агенција.
Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој