spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Меџити изврши увид на работите на изградбата на ободниот канал во...

МЖСПП: Меџити изврши увид на работите на изградбата на ободниот канал во Арачиново

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, одблиску ја набљудуваше изградбата на ободниот канал во Арачиново, чија цел е заштита од поплавување на населението и земјиштето, како и подобрување на условите за живот на жителите на  општина Арачиново. 

За време на посетата, Меџити истакна дека проектот е од големо значење и е финансиски поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Овој проект е од исклучителна важност за заштита на населените места и обработливите земјишта од поплавување, не само на општина Арачиново, туку и на општините Гази Баба, Илинден и Петровец. Тој е во должина од 27 км, а во моментот се реализира регулација на дел од ободниот канал со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање во висина од околу 64 милиони денари.

-рече Меџити.

Министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити информираше дека со овие средства се интервенира на делот од мостот на регионалниот пат Скопје-Куманово долг околу 300 метри, додека самиот проект треба да биде завршен до јуни следната година.

„Според она што го видовме на терен, проектот се одвива согласно динамичкиот план и досега се реализирани 38% од проектот.  Сметам дека со овој зафат ќе се придонесе многу и за заштитата на населението од поплавување и за подобрување на условите за живот на населението, особено од причина што каналот кој поминува низ општина Арачиново носеше голем ризик од поплавување”

– изјави Меџити.

Според информациите од терен, низ ободниот канал на Арачиново е собрано значително количество отпад од пластични шишиња и друга амбалажа, а дополнително и самата вегетација ја намалува пропусната моќ  на каналот.

Поради тоа, Министерството за животна средина и наложи на општината да ја поддржи регулацијата на каналот, со цел  враќање на улогата на каналот со обезбедување на услови за подобар проток на атмосферската вода низ самото село и заштита на жителите од оваа општина од поплавување.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Мицкоски: За многу скоро од денес од оваа говорница ќе слушате...

0
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност ќе слушне што се...