spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаФетаи и Бојчева очекуваат измените на Законот за слободен пристап до информации...

Фетаи и Бојчева очекуваат измените на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер да ја зголемат транспаретноста на институциите

Заменник претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска во неговиот кабинет имаше средба со директорот на Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Пламенка Бојчева.

На средбата се разговараше за најавените измени на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, кои се изготвуваат во Министерството за правда. Директорката Бојчева ги образложи предлозите на Агенцијата за подобрување на текстот на законот, кои ако се прифатат ќе ја подобрат примената на законот и ќе ја зголемат транспаретноста на институциите.

Заменик претседателот на Владата, Фетаи ги пофали досегашните напори на Агенцијата за примената на постојниот Закон и искажа политичка поддршка во името на Владата за нивните активности кои придонесуваат за зголемување на транспаретноста на институциите. Фетаи презентираше и други предлози, кои можат, исто така, да го подобрат текстот на законот и да ја зајакнат неговата примена.

Беше договорена интензивна соработка во наредниот период преку размена на информации за степенот на спроведување на законот, евидентираните проблеми и можни решенија за нивно надминување.

Извор: Влада

Прочитајте