spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Првиот вицепремиер Меџити се сретна со министерот за човекови и малцински...

МЖСПП: Првиот вицепремиер Меџити се сретна со министерот за човекови и малцински права на Црна Гора Фатмир Ѓека

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска ја пречека делегацијата од Црна Гора, предводена од министерот за човекови и малцинства права на Црна Гора, Фатмир Ѓека.

На средбата Меџити и Ѓека разговараа за односите меѓу Северна Македонија и Црна Гора, кои ги оценија како одлични во сите области. Двајцата соговорници истакнаа дека по членството на двете земји во Северноатлантската алијанса, приоритет на двете влади останува целосната интеграција во Европската Унија, како единствена опција за развој на целиот регион.

Министерот Ѓека информираше дека Црна Гора успешно го изврши пописот на населението и работи на отворање нови поглавја за членство на земјата во ЕУ, за што е забележано зголемување на поддршката од граѓаните за 20 проценти.

Меџити и Ѓека се договорија да ја интензивираат комуникацијата за да се постигне поголема соработка меѓу двете земји, со акцент на проектите поврзани со еколошките предизвици.

Извор: Влада

Прочитајте

МСПДМ: Средба Лимани- Милер – Со силна поддршка на УНИЦЕФ, наскоро...

0
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани оствари средба со претставничката на УНИЦЕФ Лесли Милер и нејзините соработници. Соговорниците разговараа за важноста од...