spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМСПДМ: Сабриу - Интеграцијата и активното учество на Ромите во општествените процеси...

МСПДМ: Сабриу – Интеграцијата и активното учество на Ромите во општествените процеси носат бројни придобивки за целото општество

Државниот секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу учествуваше на Националната конференција за имплементација на политиките за инклузија на Ромите, во организација на Институтот за истражување и анализа на политики-Ромалитико. На настанот учествуваа разни општествени чинители кои работат на инклузија на ромската заедница и остварување на целите на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022 – 2030.

Во своето обраќање Сабриу ја акцентираше важноста од креирање инклузивни политики, затоа што преку нив инвестираме во иднината на општеството. 

„Инвестираме во општество на еднаквост, односно на еднаква шанса за сите, еднакви можности за пристап до ресурси, еднакви услови за развој, ослободени од предрасуди по било која основа. Ние претставниците на институциите, заедно со граѓанскиот сектор имаме одговорна задача-подигање на свеста за значењето на инклузивноста, креирање инклузивни политики и промоција на инклузивноста како единствена опција во општеството. Ромите се важен дел од општеството, затоа што со својата уникатна култура и традиции, имаат значајно влијание на различни аспекти на животот. Нивната интеграција и активно учество во општествените процеси може да донесе бројни придобивки за целото општество“, истакна Сабриу.

Тој го посочи и значењето на новата Стратегија за инклузија на Ромите 2022–2030, која е дел од јавните политики на Република Северна Македонија за изедначување на степенот на вклученост и интеграција на ромската заедница со сите етнички заедници.

Според Сабриу, државата се подготвува и за спроведување зелена и дигитална агенда. 

„Вклучувањето на Ромите во дигиталната агенда води кон зголемување на дигиталната писменост, поддршка на децата Роми во областа на образованието кое се повеќе се дигитализира, поддршка на Ромите на пазарот на труд во смисла на стекнување и користење соодветни вештини поддршка на Ромите претприемачи за дигитализација на нивните дејности“, рече Сабриу.

Во однос на зелената агенда, тој се осврна на неопходноста од тоа, Ромите да бидат вклучени во циркуларната економија, во која и сега претставуваат важен дел.

„Со трансформацијата на системите за управување со разните видови отпад и други ресурси, ќе се појават и нови можности и нови работни места. Ова значи и сузбивање на сивата економија од што придобивки има целиот систем“, посочи Сабриу.

Тој ја истакна и како особено важна соработката со општините во делот на ефективна и ефикасна реализација на политиките.

„Кога Ромите се активно вклучени во општеството, тоа создава позитивна динамика, во која сите членови на општеството можат да напредуваат. Во таа насока, инклузивните политики и иницијативи се клучни за постигнување на оваа цел,“ порача Сабриу.

Извор: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Прочитајте

МСПДМ: Средба Лимани- Милер – Со силна поддршка на УНИЦЕФ, наскоро...

0
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани оствари средба со претставничката на УНИЦЕФ Лесли Милер и нејзините соработници. Соговорниците разговараа за важноста од...