spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Ученици наградени на Конкурсот за учениците од основното и средното образование...

МФ: Ученици наградени на Конкурсот за учениците од основното и средното образование по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври

На Конкурсот објавен за учениците од основното образование на тема: „Штедењето – наша навика и наша потреба!“ пристигнаа вкупно 645 ученички труда, од кои 136 литературни творби – песни, 168 литературни творби – раскази и 341 ликовна творба – цртежи.

На Конкурсот објавен за учениците од средното образование на тема: „Финансиската едукација на младите – основа за подобро управување со парите и заштита од финансиски измами во новото дигитално време“, во предвидениот рок, пристигнаа 54 есеи. 

На Конкурсот пристигнаа голем број трудови коишто се одликуваат со солиден квалитет, креативност и автентичен стил на изразување, како и познавање на темата за штедењето, значењето на финансиската писменост и познавање дека постојат ризици од финансиски измами во современото дигитално време.

Во врска со наведениот конкурс, го објавуваме списокот на наградените ученици, по одделни категории. Во оваа прилика им благодариме на сите учесници, а на наградените им честитаме!

Во категоријата ликовни творби на учениците од 1. до 5. одделение:

– Марија Стоименова, IV одд., ООУ „Гоце Делчев“ – Виница, ПУ Јакимово;

– Марија Василева, I одд., ООУ „Никола Вапцаров“ – Струмица;

– Лука Вељановски, V одд., ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Скопје.

Во категоријата ликовни творби на учениците од 6. до 9. одделение:

– Михаела Ѓоргиева, IX одд., ООУ „Браќа Миладиновци“ – Пробиштип;

– Јана Наумова, VII одд., ООУ „Димо Хаџи Димов“ – Скопје;

– Каја Пецев, VIII одд., ООУ „Видое Подгорец“ – Колешино, Ново Село.

Во категоријата литературни творби ‒ песни на учениците од 1. до 5. одделение:

– Илија Иванџиков, II одд., OOУ „Кирил и Методиј“ – Стојаково, Богданци;

– Елиса Бајрами, III одд., ОУ „Наим Фрешери“ – Куманово;

– Мартин Наумовски, IV одд., ООУ „Стив Наумов“ – Скопје.

Во категоријата литературни творби ‒ раскази на учениците 6. до 9. одделение:

– Лора Доневска, VII одд., ООУ „Никола Карев“ – Кочани;

– Ивона Кицевска, VIII одд., ООУ „Ѓорче Петров“ – Скопје;

– Михаела Нешовска, VI одд., ООУ „Григор Прличев“ – Скопје.

Во категоријата литературни творби ‒ есеи на учениците од средното образование:

– Јован Најдановски, III година, СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ ‒ Битола;

– Софија Енџекчева, IV година, СОУ „Богданци“ ‒ Богданци;

– Елена Атанасовска, IV година, СОУ „Гостивар“ ‒ Гостивар.

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

ДКСК: Одбележување на Меѓународниот ден за борба против корупцијата

0
Државната комисија за спречување на корупцијата, денес, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против корупцијата, заедно со партнерите од Проектот на УСАИД...