spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Меѓународен Ватерполо турнир ,,13 НОМЕВРИ”

Карпош: Меѓународен Ватерполо турнир ,,13 НОМЕВРИ”

На базенот СЦ „Борис Трајковски“, по повод Денот на ослободувањето на Скопје, во организација на ВК ,,Вардар ветерани” и со подршка од Општина Карпош, вчера започна четвртиот по ред Mеѓународниот турнир во ватерполо за ветерани (над 35 години). На турнирот, покрај домашната екипа на Вардар Ветерани, учествуваа и екипи од Хрватска, Србија, Романија, Унгарија, Словачка, Турција, Грција и Јапонија.

На ватерполо турнирот присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, како и делегации од збратимените Општини. Тој во својот поздравен говор ја даде својата поддршка за ваквите спортски настани и дружби.

– Ви посакувам добредојде на сите учесници на овој ватерполо турнир. Драго ми е што пред се се дружите и соработувате од многу држави како од соседството така и пошироко. Како досега така и понатаму Општина Карпош ќе го поддржува спортот, ватерполото и пливањето – рече Јакимовски.

Мастерс-турнирот во ватерполо за ветерани, на еден начин го афирмира ватерполото кај младата популација, како и дружбата за стекнување пријателства помеѓу љубителите на овој спорт од целиот регион па и пошироко.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Илинден: Интензивно се работи на фекална канализација за дел од Кадино

0
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска направи увид во изградбата на фекална канализација за дел од населеното место Кадино, во општина Илинден. Како што...