spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Јаневска - ЕУ е меѓу најголемите партнери на државата за развој...

МОН: Јаневска – ЕУ е меѓу најголемите партнери на државата за развој на националниот образовен систем

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска учествуваше на завршна конференција на проектот „Подобрување на квалитетот на образованието“ финансиран од Европската Унија, а насочен кон професионален развој на наставниците, нивна подобра подготвеност за примена на информатичко – комуникациски технологии во наставата и за работа со ученици со попреченост.

„Од исклучителна важност е наставниците постојано да ги надградуваат своите вештини за предавање и пренесување на знаењата кон учениците. Важно е да бидат подготвени за прифаќање и примена на ИКТ иновации во наставата и да знаат кој е најдобриот пристап и начин за работа со ученици со попреченост. А овој проект им го овозможи токму тоа на над 9000 илјади наставници, кои верувам ќе дадат дополнителна вредност на проектот, со пренесување на стекнатите знаења кон своите колеги“, рече Јаневска.

Министерката истакна дека е благодарна на ЕУ што во ниту еден момент во минатото не ја остави нашата држава сама да се бори со предизвиците на развојниот пат и како што рече, сигурна сум дека оваа поддршка во сферата на образованието ќе продолжи и во иднина.

„Им благодарам на сите учесници во реализацијата на проектот и верувам дека нашите патишта ќе останат вкрстени. Имаме уште многу заедничка работа. Плановите на Владата се големи и со ваква енергија и сплотеност, сигурна сум дека ќе ги оствариме“, додаде Јаневска.

Посочи дека за следната година планиран е најголем буџет за образование досега, во износ од 40 милијарди денари со кои ќе се унапредуваат наставните планови и програми во основното и средното образование, ќе се зголемат платите на вработените во училиштата и факултетите, ќе се подобри образовната инфраструктура и ќе се унапредат условите за работа на наставно – научните работници.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...