spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМСПДМ: Лимани - Да им се доближиме на нашите граѓани со развој...

МСПДМ: Лимани – Да им се доближиме на нашите граѓани со развој на повеќе социјални услуги согласно нивните потреби и потребите на целото семејство

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани по повод одбележување на Интернационалниот ден на нега, грижа и поддршка,  учествуваше на Тркалезна маса и презентација на Препораките за политики околу втемелување на семејниот пристап при осмислување и спроведување услуги на грижа и нега.

Лимани во своето обраќање до присутните изрази очекување дека од  овие препораки ќе се добијат вредни и суштински наоди кои ќе понудат мапирање и идентификување на следните неопходни чекори при креирање политики соодветни на потребите на граѓаните.

„Владата на Република Северна Македонија, ресорното Министерство за социјална политика, демографија и млади и сите други вклучени страни го делиме ставот дека  потребно е да им се доближиме на нашите граѓани со развој на повеќе услуги согласно нивните потреби и потребите на целото семејство  за посоодветен и по квалитетен живот. Нашите политики да ги ориентираме кон подобрување на постоечките системи и справување со предизвиците кои се пред нас,“ истакна Лимани.

Тој посочи на фактите дека паричните надоместоци се уште се најпрефериран начин преку кои се покриваат потребите на примателите на нега и грижа, а со тоа и предизвикуваат притисок врз државниот буџет, како и дека треба да се насочиме кон развој и проширувањето на услугите на локално ниво, поблиску до корисниците. Сето ова, земајќи ја предвид демографската слика во државата, стареењето на населението и зголемената потреба од понуда на услуги за стари лица, лица со попреченост и други категории.

Програмата за развој на ООН, во партнерство со Министерството за социјална политика, демографија и млади,  веќе неколку години е имплементатор на програмата  „Економија на грижа.“

„Од огромно значење е реализацијата на една ваква програма, која во исто време ги активира тешко вработливите категории на граѓани, пред се жени на пазарот на труд, а од друга страна овозможува и испорачување на социјални услуги од страна на негователите кон најранливите. Со ова и практично се остваруваат заложбите од Конвенцијата за човекови прва на ООН,“ истакна  Заменичката на постојниот претставник на УНДП, Ана Чернишова. 

Виолета Стојановиќ од Агенцијата за вработување, се осврна на Програмата „Економија на грижа“, чија цел е невработените лица да се стекнат со знаења, вештини и компетенции за обезбедување на услуги на грижа во заедницата. Притоа, ги посочи двете активни мерки за вработување: Општинско-корисна работа и Обука и вработување на лица за обезбедување услуги на грижа во домот и во заедницата како особено значајни од оваа програма. Мерките се реализираат во соработка со УНДП и едниците на локална самоуправа.

Извор: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Прочитајте

Илинден: Асфалтирање на локалниот пат Кадино – Мралино

0
Општина Илинден интензивно работи на подобрување на патната инфраструктура. Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта извршено...