spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Директорот Османи, заедно со генералниот директор на Македонски пошти ...

АПЈ: Директорот Османи, заедно со генералниот директор на Македонски пошти Куртиши, оствари средба со амбасадорот на Република Турција во Скопје, Улусој

На оваа средба се разговараше за многу значајни теми поврзани со меѓуинституционалната соработка и зајакнувањето на односите меѓу нашите две земји. Една од главните точки на оваа средба беше соработката од областа на јазикот и на културата и беше истакната важноста од промовирање на јазикот и на културното наследство на двете земји.

Директорот Османи ја изрази заложбата на АПЈ да продолжи да работи на примена на јазичните политики, фокусирајќи се на зачувување и на поддршка на јазичната различност, додека г. Куртиши ја истакна улогата на Македонски пошти на Република Северна Македонија за дистрибуција на едукативни и на културни материјали кои ќе придонесат за соработка меѓу поштите на двете земји.

Амбасадорот Улусој ја цени посветеноста на институциите на Република Северна Македонија за развој и за унапредување на односите меѓу двете земји и ја истакна подготвеноста на Република Турција да ги поддржи заедничките иницијативи што придонесуваат за развој на културните и на економските односи.

Оваа средба е доказ дека соработката меѓу институциите е клучот за заеднички напредок и за зајакнување на врските меѓу двете земји.

Извор: Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните

Прочитајте