spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕТ: Дурмиши во „Топ тема“ - Заштедата на едно семејство со есенската...

МЕТ: Дурмиши во „Топ тема“ – Заштедата на едно семејство со есенската потрошувачка кошничка, според наши пресметки, е меѓу 1.200 и 1.500 денари

Есенската потрошувачка кошничка имаше позитивно влијание. Тоа го потврди и државниот Завод за статистика според чии статистички податоци, трошоците за живот е намалени, изјави Бесар Дурмиши, министер за економија и труд во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ.

„За 2,2 проценти се намалени за храна и безалкохолни пијалоци, особено кај храната за 2,5 проценти. За 2,3 проценти се намалени за чеб и жито, за 3,6 проценти кај месото, 2,1 проценти кај риба, 1,1 процент кај млекото, сирењето, 5 проценти кај овошјето и 3,3 проценти кај зеленчукот. Значи мерката даваше ефект. Ова го тврди државниот Завод за статистика, како и синдикалците, според чии пресметки трошоците на потрошувачката кошничка во октомври, за разлика од септември, се намалени за 960 денари за храна и пијалоци“, вели Дурмиши.

Министерот додадва дека во пресметки во нивната потрошувачка кошничка се земени во предвид 43 производи.

„Нашите математики што ги направивме во министерството за економија и труд, ако се пресметуваат сите 73 производи, заштедата за едно семејство би била меѓу 1.200 и 1.500 денари“, вели Дурмиши.

Извор: Влада

Прочитајте

Македонски Брод: Реконструкција на улицата “Васко Карангелески” и “Илинденска”

0
Активностите за реконструкција на улица “Васко Карангелески” и улица “Илинденска”, кои се наоѓаат во централното подрачје на градот, се во завршна фаза.     ...