spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Јаневска за РСЕ - изготвивме нов Закон за учебници со кој...

МОН: Јаневска за РСЕ – изготвивме нов Закон за учебници со кој спречуваме недостиг и доцнење на испораката во училиштата

Со новиот Закон за учебници за основно и средно образование се обидуваме да го подобриме процесот на подготовка, одобрување и издавање на учебници, за да не дојдеме никогаш повеќе во ситуација на први септември да немаме учебници. Искрено се надевам дека со новото законско решение ќе постигнеме и подобар квалитет на учебниците, покрај навременото снабдување, рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“.

Јаневска укажа и дека министерството не може да знае кои и какви учебници недостасуваат во секое училиште, ако училиштата не дадат информација.

„На крајот на секоја учебна година се отвора електронски систем во кој училиштата треба да кажат колку учебници им недостасуваат, што значи тие треба да ги пријават сите оштетени учебници од претходната година. Колку учебници пријавиле, толку учебници се печатат и откупуваат“, одговори министерката.

За искинатите учебници, Јаневска дообјасни и дека дополнителен проблем што го соопшти една општина, е тоа што сакајќи да ги заштитат граѓаните да не плаќаат од 10 до 70 проценти од цената при враќање на оштетен учебник, училиштата не ги пријавувале.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...