spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Ќе се унапредува моделот на инклузивно образование, според родителите и наставниците...

МОН: Ќе се унапредува моделот на инклузивно образование, според родителите и наставниците сегашниот не го дава очекуваниот

Сите ние имаме надежи и стремежи, соништа и замисли, и сите ние се трудиме тие да станат стварност и лично да се реализираме. Ниту малку поинакви не се децата и младите со попреченост, само што нивните потенцијали бараат наша поддршка за да можат да учат, да растат и да го откријат сопственото место во заедницата, рече државниот советник во Министерството за образование и наука Ѓонул Бајрактар на денешната меѓународна научно – стручна конференција „75 години организирана едукација, рехабилитација и вработување на лица со попреченост“, организирана од Сојузот на дефектолози, специјални едукатори и рехабилитатори.

Честитајќи го јубилејот, Бајрактар рече дека министерството оваа година ангажираше 1.000 образовни асистенти во основните училишта, најмногу досега. Нагласи и дека со новиот Закон за средно образование кој се подготвува, образовни асистенти ќе има и во средните училишта, но и дека државните средни училишта за деца со попреченост ќе се трансформираат во средни училишта со ресурсни центри кои ќе обезбедуваат поддршка за редовните средни училишта при организирањето на наставата за учениците со попреченост.

„Што се однесува до промената на моделот на инклузивност, сакам да нагласам дека се прави затоа што во моментов сите – и родителите, и наставниците и стручната фела велат дека актуелниот модел не го дава очекуваниот ефект.  Се разбира, сите измени се прават врз основа на широка консултација“, додаде Бајрактар.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

Заменик претседателот Фетаи ја претставуваше Владата на на Регионалната конференција „GovTech“...

0
Заменик-претседателот Арбен Фетаи денеска учествуваше на регионалната конференција „GovTech“ во Тирана, покрај Премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и други претставници од земјите...