spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМДТ: Министерот Андоновски учесник на 7 - та регионална Конференција за е–...

МДТ: Министерот Андоновски учесник на 7 – та регионална Конференција за е– трговија 2024

Потенцијалот на е-трговијата, иновациите, подобрување на услугите за испорака во е-трговијата и соработката во регионот на Западен Балкан, беа теми на 7-та регионална Конференција за е- трговија, насловена како: “E-commerce: Untangling Potential,” во организација на ,,Асоцијацијата за е-трговија на Македонија“, на која се обрати министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

,,Како Министер за дигитална трансформација сакам да ја истакнам непоколебливата посветеност на Владата за поддршка на е – трговијата. Дигиталната трансформација не е само опција – таа е императив за нашата економска иднина, а Министерството за дигитална трансформација е подготвено да биде постојан партнер во ова патување. Ние не сме само набљудувачи на дигиталната револуција туку активни учесници“, рече Андоновски.

Потенцираше дека забележан е значаен пораст на бројот на домаќинства кои имаат пристап до интернет во нашата земја во споредба со лани, и сега тој изнесува 86,6 проценти. Исто така, 88,3% од населението се активни корисници на интернет, што нè позиционира во првите редови како корисници на интернет во регионот.

Во однос на регионалната соработка, министерот Андоновски оцени дека постои сериозен потенцијал со оглед на популацијата од 16 милиони жители во Западен Балкан со што придобивки би имале сите, не само во однос на пазарот туку и во однос на можноста за креирање на унифициран дигитален еко систем кој ќе биде конкурентен на глобално ниво.

,,Министерството за дигитална трансформација е подготвено рамо до рамо да работи со приватниот сектор, особено за справување со клучните предизвици како: Зајакнување на дигиталната писменост и вештини; Намалување на неформалната економија во е-трговијата; Рационализирање на прекуграничната трговија; Подобрување на дигиталната инфраструктура; Имплементирање на поддржувачки регулаторни рамки“, рече Андоновски, додавајќи дека потенцијалот на е- трговијата во нашиот регион е огромен, а иницијативите како што е првата регионална платформа ,,Еcommerce4All“, покажуваат дека меѓусебната соработка неминовно ќе доведе до успеси.

Извор: Министерство за Дигитална Трансформација

Прочитајте

ДКСК: Одбележување на Меѓународниот ден за борба против корупцијата

0
Државната комисија за спречување на корупцијата, денес, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против корупцијата, заедно со партнерите од Проектот на УСАИД...