spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМицкоски: Барањата на турските бизнисмени се логични и очекувани и како Влада...

Мицкоски: Барањата на турските бизнисмени се логични и очекувани и како Влада вложуваме максимални напори тоа да биде реализирано

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по одржувањето на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“, во организација на стопанската комора на Македонија-Турција (МАТО), на новинарско прашање во врска со тоа какви барања имаат турските бизнисмени и со какви проблеми се соочуваат, истакна дека нивните барања се логични и не се надвор од очекувањата.

„Логични се барањата, за дел од барањата веќе се работи, веќе се во процес. Генерално дозволи за работа за работници од надвор, дозволи за градење, што се нашите приоритети. Мислам логични барања, не е нешто коешто е надвор од она кое што е логично и како Влада правиме и вложуваме максимални напори сето тоа да биде реализирано и мислам дека дел од тие работи веќе се реализираат.

За дел до крајов на годината, така што не беше нешто надвор од очекувањата“.

Извор: Влада

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...