spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаФетаи на средба со министерот Мања: Правдата треба да продуцира резултати

Фетаи на средба со министерот Мања: Правдата треба да продуцира резултати

Заменик претседателот на Владата на Северна Македонија, Арбен Фетаи, оствари работна средба со министерот за правда на Република Албанија, г. Улси Мања. 

На средбата стана збор за некои од најважните прашања поврзани со процесот на интеграција на Северна Македонија и Албанија во Европската Унија.

Г-дин Фетаи изрази благодарност за братското гостопримство и ја истакна важноста од силна соработка меѓу двете земји за справување со заедничките предизвици. Разговорите се фокусираа на реформските агенди на двете влади, вклучително и правосудниот систем, зајакнувањето на соработката против корупцијата и унапредувањето на доброто владеење.

Една од главните теми на средбата беше заедничката заложба за зајакнување на владеењето на правото и зголемување на транспарентноста, кои се клучни елементи за напредокот на двете земји на патот кон членство во ЕУ и за гарантирање на регионалната стабилност.

Оваа средба претставува важен чекор за унапредување на односите меѓу Северна Македонија и Албанија, зајакнување на соработката во стратешки области важни за развојот на двете земји.

Извор: Влада

Прочитајте

МТ: Николовски – Нема да дозволиме ПОШТА да колабира поради приватни...

0
Ќе се избориме да ја одржиме Македонска пошта и нема да дозволиме приватните интереси да ја уништат државната пошта, истакна вицепремиерот Николоски во поткастот...