spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМДТ: Андоновски и Тошковски претставија нова дигитална услуга

МДТ: Андоновски и Тошковски претставија нова дигитална услуга

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера одржаа прес конференција на која претставија нова дигитална услуга.или можност за поднесување на онлајн барање за издавање на одобрение за набавка на оружје на физичко лице која ќе биде достапна преку сајтот на МВР и на националниот портал uslugi.gov.mk.

„Освен националниот портал uslugi.gov.mk овде ќе биде искористена и платформата за интероперабилност каде институциите меѓу себе ќе ги прибавуваат доказите и информациите за граѓаните, без за тоа граѓаните да имаат обврска да одат од шалтер на шалтер и да трошат дополнително време и ресурси., истакна министерот Андоновски.

Андоновски ги повика граѓаните масовно да го користат порталот uslugi.gov.mk и за сите останати услуги достапни на порталот, воедно ги повика сите институции да работат на својата агенда за дигитализација и да нудат на граѓаните дигитални услуги кои ќе го штедат времето и ресурсите на своите граѓани.

Министерот Тошковски од своја страна образложи дека оваа нова услуга е создадена со цел граѓаните да добијат системско и брзо решение кое нема да биде подложно на можност за корупција, и е во соработка со Министерството за дигигална трансформација и УНДП.

Извор: Министерство за Дигитална Трансформација

Прочитајте

Македонски Брод: Реконструкција на улицата “Васко Карангелески” и “Илинденска”

0
Активностите за реконструкција на улица “Васко Карангелески” и улица “Илинденска”, кои се наоѓаат во централното подрачје на градот, се во завршна фаза.     ...