spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМСПДМ: Одржана втората седница на Советот за имплементација на Проектот за администрирање...

МСПДМ: Одржана втората седница на Советот за имплементација на Проектот за администрирање на социјалното осигурување–СИАП

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски ја водеше втората седница на Советот за следење на имплементацијата на Проектот за администрирање на социјалното осигурување–СИАП. 

Пред присутните, Велковски накратко се осврна на СИАП проектот за чие имплементирање и координирање надлежно е Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и на Советот за следење на неговата имплементација и на улогата на Советот.   

Основна цел на Проектот е подобрување на квалитетот на услугите во администрирањето на социјалното осигурување и унапредување на законската рамка која ги уредува прашањата кои се однесуваат на вработувањето и работното оспособување на лицата со попреченост и ревидирањето на листата на работните места со стаж на осигурување со зголемено траење (бенефициран стаж). 

„Според активностите на проектот, може да се заклучи дека станува збор за прилично комплексен и обемен проект од аспект што неговата реализација ги вклучува речиси сите институции на задолжителното социјално осигурување, па и повеќе. Поради тоа, формиран е Совет кој има за задача да го следи спроведувањето на активностите во рамки на институциите надлежни за имплементација на СИАП проектот и роковите за нивно спроведување и да носи заклучоци за прашања поврзани со спроведувањето на активностите од Проектот“, рече Велковски.  

На денешната седница на Советот, беше разгледана Информацијата за активностите во СИАП проектот и нивниот тековен статус на имплементација, а фокусот беше ставен на воспоставувањето на единствениот регистар на задолжително социјално осигурување.

Извор: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...