spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМСПДМ: Средба Лимани–Оберхубер - Соработката и поддршката од GIZ и Амбасадата на...

МСПДМ: Средба Лимани–Оберхубер – Соработката и поддршката од GIZ и Амбасадата на Германија во земјава продолжува со засилено темпо

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани оствари средба со Давид Оберхубер, Регионален програмски директор при Германското друштво за меѓународна соработка-ГИЗ (GIZ), заменик на амбасадорот на Германската амбасада во Северна Македонија, Јан-Аксел Фос и дел од тимот на ГИЗ, на која се разговараше за тековниот статус на неколку клучни проекти кои се дел од германската развојна соработка.

Соговорниците разговараа за важноста на социјалната инклузија, социјалните услуги на локално ниво и социјалното менторство, при што беа посочени досегашните достигнувања и идните планови на ова поле. Притоа, беше посочена активацијата на социјално ранливите категории на граѓани на пазарот на труд, како важен фактор во намалувањето на бројот на приматели на гарантирана минимална помош, а зголемување на вработеноста во државата, со оглед дека како земја сме соочени со недостиг на работна сила.

Двете страни разговараа и за политиките за младите, како и важноста од функционирањето на Регионалната канцеларија за младинска соработка–РИКО (RYCO), која беше посочена како најуспешниот проект кој произлегол од Берлинскиот процес. Она на што е ставен фокусот на РИКО, а воедно подржан од ГИЗ е поврзување на младите преку спортот кој има потенцијал да биде моќна алатка за зајакнување на младите и развој на основните животни вештини, а истовремено и за поттикнување на регионалната соработка.

Следната година Северна Македонија, односно министерот за социјална политика, демографија и млади, Лимани ќе биде претседавач на РИКО, истата година ќе треба да биде назначен и нов генерален секретар и заменик секретар на РИКО од една од земјите на Западен Балкан. До крајот на годинава ќе биде назначен и младинскиот претставник од нашата земја.

Двете страни ја потврдија подготвеноста за заедничка работа на проектите со засилување на темпото на реализација, а од кои придобивки имаат граѓаните на Северна Македонија.

Извор: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Прочитајте

Заменик претседателот Фетаи ја претставуваше Владата на на Регионалната конференција „GovTech“...

0
Заменик-претседателот Арбен Фетаи денеска учествуваше на регионалната конференција „GovTech“ во Тирана, покрај Премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и други претставници од земјите...