spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМСПДМ: Велковски - Обврска ни е да ги заштитиме најмладите

МСПДМ: Велковски – Обврска ни е да ги заштитиме најмладите

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски присуствуваше на настан на кој се презентираа резултатите од загадувањето на внатрешниот воздухот во 5 училишта и 5 градинки во Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга.

Во изјава за медиумите пред почетокот на настанот, Велковски изјави: 

„За жал, ќе ги слушнеме на овие презентации оние резултати кои ги знаеме години наназад за тоа што се случува во Македонија и колкава е загаденоста на воздухот и како таа влијае на самите дечиња, на сите, но на дечињата најмногу. Факт е дека нашите клиники се полни со дечиња со заболувања на нивните респираторни патишта и затоа треба сите заедно да работиме, да направиме план и да тргнеме во борба против загадениот воздух. Ние, секако одвојуваме средства како министерство за сите материјални трошоци што се потребни на градинките како блок-дотации коишто ги спуштаме на локално ниво во самите правни субјекти и со тие средства можат да набавуваат самите прочистивачи за воздух, онаму кадешто е алармантно. Има можност и преку самите општини тоа да се направи, но како министерство ќе ја разгледаме можноста да можеме најдиректно да помогнеме за решавање на ова прашање“.

Настанот го отворија амбасадорката на Шведска, Ами Ларсон Џејн и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан. 

Резултатите од истражувањето ги сподели проф. Дејан Мираковски, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“, а на панел дискусијата: „Подобрување на квалитетот на воздухот со цел креирање безбедна, креативна и продуктивна средина за учење“, покрај Велковски, се обратија и министерката за образование и наука, Весна Јаневска и министерот за здравство, Арбен Таравари. 

Настанот се организира во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, којшто го спроведува УНДП во партнерство со Министерство за животна средина и просторно планирање, како и општините Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга.

Проектот е дел од Рамковната програма на УНДП, којашто е финансирана од Шведска, а го вклучува и проектот „Јакнење на општинските капацитет за имплементација на проекти.“ 

Извор: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Прочитајте

Кисела Вода – Средба на градоначалникот Ѓорѓиевски со хрватската амбасадорка Нивес...

0
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска беше домаќин на хрватската амбасадорка н.е. Нивес Тигањ, која повторно ја посети општината во рамки на...