spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Невладините организации, значајни партнери во заштита на животната средина

МЖСПП: Невладините организации, значајни партнери во заштита на животната средина

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити учествуваше на годишната конференција на граѓански организации на тема “Соработката помеѓу Владата и граѓанското општество”, организиран од националниот форум на Цивика Мобилитас.

На тематска дискусија со министри во Владата, грантистите на програмата Цивика Мобилитас, поставуваа прашања според тематските приоритети и надлежности по ресори. На прашањето за политиките на Владата за унапредување на меѓуетничките односи во државата Меџити истакна:

„Во овие први месеци по промената на власта кога сеуште трае процесот на транзиција, се создаде впечаток дека меѓуетничките односи се нарушени. Сакам да бидам јасен: мултиетничноста е реалност на нашата држава, со неа живееме, твориме, дејствуваме. И во многу постари и поразвиени демократии од нашата, сеуште постојат предизвици кон основните постулати врз кои почива државата и таквите предизвици ќе продолжат да постојат. Тоа е така затоа што станува збор за демократија, за постоење на различно мислење, за можност за изразување на истото“  и додаде дека она што е битно е да се сочува умереноста во мнозинството, а екстремистите кои се на маргините отсекогаш ги имало и ќе ги има.

Во однос на секторските политики во животната средина, акцентот невладините организации го ставија на состојбата со природните езера, Охридското и Преспанското, за што Меџити информираше дека Нацрт Закон за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата и Предлог Законот за прогласување на Студенчишко блато во Охрид за заштитено подрачје во категорија IV парк на природата се вратени во почетна фаза од страна на собраниската комисија надлежна за заштита на животна средина, заради дополнителна доработка на предлог законите, со цел изнаоѓање на поквалитетни решенија во однос на заштитата на Охридскиот регион и неговото исклучително универзално природно добро.

Во однос на исполнувањто на препораките на мисијата на УНЕСКО за заштитеното подрачје Охрид, тој истакна дека постапувајќи по Одлуката на Комитетот за светско наследство од Ријад, надлежните институции, вклучувајки го и Министерството за животна средина и просторно планирање, ги спроведуваат препораките од Комитетот за светско наследство со цел намалување и отстранување на факторите кои негативно влијаат на квалитетот на животот на нашите граѓани.

„Визија споделена меѓу сите учесници“, рече Меџити „е да се зачува исклучителната универзална вредност на доброто, препораките од Комитетот за светско наследство при УНЕСКО кои силно инсистираa државите членки да ги имплементираат итните мерки за да се нагласат постојните закани и да се спречи појавата на нови закани кои би влијаеле врз исклучителната универзална вредност“.

Исто така, Меџити сподели информации за степенот на имплементација на регионалниот систем за управување со отпад по региони, како и  пречистителната станица за отпадни води во Скопје. 

„Во моментот се во тек подготвителните работи и се прават дизајни. Очекуваме дека градежните работи за пречистителната станица Скопје ќе започнат до крајот на годинава. Согласно договорот за градба, изградбата трае три години и дополнителни две години период на пробна работа. Доколку сите активности се одвиваат согласно предвидената динамика и рокови, пречистителната станица за отпадни води за Скопје ќе биде во функција во 2030 година“ информираше Меџити.

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Меџити се заблагодари на амбасадорката на Швајцарската Конфедерација во Република Северна Македонија, Вероник Улман, која е покровител на настанот и на организаторот Александар Кржаловски од тимот на Цивика Мобилитас, нагласувајќи дека  очекува добра соработка со еколошките невладини организации како партнери кон заштитата на природата и нејзината одржливост.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Македонски Брод: Реконструкција на улицата “Васко Карангелески” и “Илинденска”

0
Активностите за реконструкција на улица “Васко Карангелески” и улица “Илинденска”, кои се наоѓаат во централното подрачје на градот, се во завршна фаза.     ...