spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Работилница со Јавното обвинителство во рамките на Проектот на УСАИД...

ДКСК: Работилница со Јавното обвинителство во рамките на Проектот на УСАИД за партнерство против корупција

На 14 и 15 ноември, во рамките на Проектот на УСАИД за партнерство против корупција, Државната комисија за спречување на корупцијата и Јавното обвинителство учествуваат на дводневната работилница за разгледување на избрани кривични прашања преку практични случаи.

Работилницата овозможува простор за размена на мислења и искуства, дискусија за предизвиците и проблемите во обработката на случаи на корупција, со фокус на прибирање и оценка на доказите, и фазите на постапките, во време кога двете институции треба да се известуваат меѓусебно и да разменуваат информации за предметите.

Двете институции изразија заедничка подготвеност да работат синхронзирано во борбата против корупцијата, секојa во рамките на својата надлежност преку утврдување јасни насоки за постапување и меѓусебна размена на информации чија крајна цел е поголем број на правосилни судски пресуди во случаите на коруптивните кривични дела.

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

Прочитајте

Кисела Вода – Средба на градоначалникот Ѓорѓиевски со хрватската амбасадорка Нивес...

0
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска беше домаќин на хрватската амбасадорка н.е. Нивес Тигањ, која повторно ја посети општината во рамки на...