Се гради фекална канализација во населба Речани, што започнува во близина на објектот Доминик и ќе биде во должина од 560 метри. Со изградбата на оваа делница ќе се изврши канализирање и на фекалните води кои преку цевковод дотекуваат од населените места Дурутовец и Чалошево.
Оваа подземна инфраструктурна мрежа во населба Речани се гради со финансиски средства од Министерството за животна средина со што се решава уште еден долгогодишен проблем на жителите.
Извор: Општина Велес