spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Отпочна реконструкцијата на улица „8“ во населба Илинден

Илинден: Отпочна реконструкцијата на улица „8“ во населба Илинден

Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта отпочнаа градежните активности за реконструкција на дел од ул „8“ во Илинден.

Со градежните работи планирано е да се изврши целосна реконструкција на улицата во должина од 550 метри и широчина од 6 метри, изградба на нов тротоар со широчина од 1,5 метри и должина од 300 метри, како и зафаќање на атмосферските води од коловозот.

Оваа реконструкција на улица „8“ претставува прва фаза од реализација на проектот и се имплементира во соработка со Министерството за транспорт и врски, со обезбедени средства од Светска Банка. Втората фаза од реконструкцијата на оваа улица во должина од 500 метри заедно со изградба на нов тротоар и зафаќање и одведување на атмосферските води, Општина Илинден ќе ја реализира со сопствени средства од буџетот на Општината и истата ќе се имплементира веднаш после завршувањето на првата фаза.

Оваа улица е од големо значење бидејќи претставува главна сообраќајница во општината што ги поврзува сите населни места во општината. За време на реализација на градежните работи на улицата e воспоставен времен режим на сообраќај, кој ќе го спроведува фирмата изведувач на активностите на терен Вато Скопје.

Увид на градежните работи изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој се запозна со динамиката и текот на одвивање на активностите, посочи дека со реконструкцијата значително ќе се подобри патната сообраќајна инфраструктура во општината, бидејќи улица „8“ претставува главна сообраќајна артерија и поврзува повеќе стопански субјекти како и Здравствениот дом.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со инвестиции за подобрување на локалната патна инфраструктура се со цел да им се овозможи подобри и поквалитетни услови за живеење.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте