spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Отпочна реконструкцијата на локалниот пат Кадино – Мралино

Илинден: Отпочна реконструкцијата на локалниот пат Кадино – Мралино

Градежната експанзија продолжува во Општина Илинден. Деновиве започна реконструкција на локалниот пат Кадино – Мралино, во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта.

Станува збор за реализација на капитална инвестиција предвидена со стратешкиот план за развој на Општина Илинден 2022-2026. Во рамки на проектот ќе се реконструира и санира локалниот пат во должина од 500 метри, широчина 5 метри. Дополнително во наредниот период ќе се гради примарна фекална канализација покрај локалниот пат и изградба на нов тротоар.  Со градежните работи покрај асфалтирањето ќе биде воспоставен и систем за одведување на атмосферските води од коловозот на локалниот пат.  

Увид во градежните работи на овој значаен патен правец  денеска направи градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека со реконструкцијата на оваа улица се овозможуваат подобри услови за граѓаните со што значително ќе се придонесе за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот, пешаците и велосипедистите.

Со изградбата на улицата на граѓаните значително им се подобруваат условите за живот во нивното секојдневно функционирање. Се подобрува секојдневната комуникација на граѓаните од овие населени места со административниот дел на Општината и значително се намалува времетраењето на патување до нивните работни места.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Карпош: Професорот Тупурковски заслужен граѓанин

0
По повод  48 годишнината од своето основање (3. ноември), Општина Карпош неодамна го прогласи за свој заслужен граѓанин, професор д-р Васил Тупурковски. Во оваа...