spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Професорот Тупурковски заслужен граѓанин

Карпош: Професорот Тупурковски заслужен граѓанин

По повод  48 годишнината од своето основање (3. ноември), Општина Карпош неодамна го прогласи за свој заслужен граѓанин, професор д-р Васил Тупурковски. Во оваа пригода, градоначалникот Стевчо Јакимовски му ја врачи плакетата на професорот Тупурковски за неговиот извонредно голем придонес во политиката и за афирмација на македонскиот спорт.

Професор д-р Васил Тупурковски  е роден на 8 април 1951 година во Скопје. Своето високо образование го започнува со дипломирање на Правниот факултет во Скопје во 1972 година, додека пак, својот магистерски труд по Споредбено право го предава во 1973 година на Универзитетот во Мичиген (САД). Тупурковски докторирал на Правниот факултет во Скопје во 1976 година од областа на Меѓународното јавно право, а фигурира како редовен професор на Правниот факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ по предметот Меѓународно јавно право од 1974 до 2017 година.

Својата импозантна професионална политичка кариера ја започнува како Претседател на Сојузот на социјалистичката младија на СФРЈ од 1976-1980 година. Во периодот од 1989 до 1993 година тој е член на Претседателството на СФРЈ, а фигурира како  член на Претседателството на Централниот комитет на Сојузот на комунисти на Југославија од 1986 до 1989 година. Од 1998 до 2000 година, професорот Тупурковски е директор на Агенцијата за обнова и развој на Република Македонија, а од 1999 до 2000 година тој е потпретседател на Владата на Република Македонија. Функцијата пратеник во Собранието на РМ ја извршува во 1998 година, а бележи ангажман како Претседател на Кошаркарскиот сојуз на Југославија од 1982 до 1983 година. Исто така,  Тупурковски е Претседател на Македонскиот олимписки комитет од 1992 до 2020 година. Тој е член на комисијата за едукација на Европските олимписки комитети од 1996 до 2016 година, а во период од 2002 до 2010 година, Тупурковски е Претседател на Асоцијацијата на Балканските национални олимписки комитети.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Заменик претседателот Фетаи ја претставуваше Владата на на Регионалната конференција „GovTech“...

0
Заменик-претседателот Арбен Фетаи денеска учествуваше на регионалната конференција „GovTech“ во Тирана, покрај Премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и други претставници од земјите...