spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Спортска опрема за секое училиште – нова ера за младите

Ѓорче Петров: Спортска опрема за секое училиште – нова ера за младите

Општина Ѓорче Петров е една од двете скопски општини вклучени во пилот проект на Македонскиот олимписки комитет (МОК) за поддршка на училишниот спорт. Во рамки на оваа иницијатива, МОК донирше спортска опрема на училиштата со цел да ги поттикне младите кон физичка активност и здрав живот.

Со новата опрема, учениците ќе можат да учествуваат и да уживаат во различни спортски активности, како фудбал, кошарка, ракомет и одбојка, во значително подобрени услови. Оваа иницијатива е насочена кон поттикнување на младите да ги развиваат своите спортски таленти и да создаваат здрави навики.

На настанот, кој се одржа во соработка со МОК, беше организирана и обука за наставниците по физичко образование со цел унапредување на наставните спортски активности. Дополнително, планирано е одржување централен спортски настан за наставниците и учениците, што ќе ја зацврсти оваа плодна соработка.

„Оваа донација е само почеток на серија активности со кои сакаме да го подигнеме нивото на спортот и физичката активност во општината. Младите се нашата иднина, а нивниот развој и здравје се наш врвен приоритет. Можеби следниот олимпиец ќе потекнува токму од Ѓорче Петров!“ – изјави градоначалникот Александар Стојкоски.

Покрај донациите, проектот опфаќа и едукативни активности за наставниците, со цел унапредување на спортските програми и организација на заеднички спортски настани.

ПОГЛЕДНЕТЕ 👀👈

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

АХВ: Спречен нелегален транспорт на телиња

0
Од страна на граничната полиција на Република Северна Македонија на влез на градот Дебар при редовна контрола на товарно патничко возило со скопски регистарски...