spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМДТ: Министерот Андоновски говорник на најголемиот самит за дигитализација – “Tallinn Digital...

МДТ: Министерот Андоновски говорник на најголемиот самит за дигитализација – “Tallinn Digital Summit“ во Естонија

Во рамки на самитот во Естонија, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски се обрати на Панелот: „Сајбер отпорност и партнерства со Западен Балкан: Дигитална технологија и управување“, каде што се дискутираше за примената на новите технологии во јавниот и приватниот сектор, за клучните предизвици во однос на сајбер безбедноста и можностите за искористување на најдобрите практики.

Истакнувајќи ја заложбата за спроведување на дигиталната трансформација како клучен приоритет, Андоновски се осврна на најновите активности и достигнувања на Владата и Министерството за дигитална трансформација (МДТ) поврзани со електронските услуги, подобрувањето на процесите за управување и изработката на Националните стратегии за сајбер безбедност и за ИКТ развој.

,,Во моментов забрзано работиме на изработката на Национална стратегија за ИКТ, која ќе го вклучи доменот на вештачката интелигенција. Развиваме сеопфатен електронски систем за управување со документи. Нашата посветеност кон дигиталната трансформација е можеби најмногу видлива во напорите за проширување и подобрување на електронските услуги за граѓаните и бизнисите. Во првите 100 дена објавивме 80 нови електронски услуги, зголемувајќи го бројот од 120 на 200 услуги. Во наредната година очекуваме 100 нови е-услуги, што ќе значи 100 процентно зголемување во споредба со претходните 4 години“, рече Андоновски.

Во однос на заштитата на дигиталните средства и критичната инфраструктура, министерот рече дека интензивно се работи и на Стратегијата за сајбер безбедност која ќе биде усогласена со најновите директиви на Европската унија, потоа продолжуваат активностите за сеопфатно поедноставување на административните и електронските процедури и унапредување на процесите за размена на податоци меѓу институциите, како и на легислативата во однос на архивирање на електронски документи.

,,Нашата визија е Македонија да стане земја каде дигиталните иновации го зајакнуваат секој граѓанин, ја зајакнуваат борбата против корупцијата, привлекуваат странски инвестиции и градат одржливо и фер дигитално општество“, рече Андоновски.

Високите учесници имаа можност да разговараат и за поддршката на ЕУ кон дигиталната трансформација и начините како да се забрза напредокот, обезбедувајќи дека Западен Балкан ќе остане усогласен со европските стандарди во нивното дигитално патување.

Инаку, Дигиталниот самит во Талин, чијшто домаќин беше естонскиот премиер Кристен Микал, на едно место собра лидери на дигитално најиновативните земји во светот, меѓународни организации, претставници на академската заедница и приватниот сектор, кои играат клучна улога во справувањето со предизвиците и обликувањето на иднината на дигиталните иновации.

Извор: Министерство за Дигитална Трансформација

Прочитајте

Кисела Вода – Средба на градоначалникот Ѓорѓиевски со хрватската амбасадорка Нивес...

0
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска беше домаќин на хрватската амбасадорка н.е. Нивес Тигањ, која повторно ја посети општината во рамки на...