spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Средба Димитриеска-Кочоска – Колангели: Приоритет на Владата и основа за новиот...

МФ: Средба Димитриеска-Кочоска – Колангели: Приоритет на Владата и основа за новиот концепт за раст e реализација на капитални проекти

Владата вложува силни напори во реализација на капитални проекти за чија имплементација се обезбедени средства од Буџетот, но и од меѓународни кредитори и тоа е основата на новиот концепт за развој што ќе го спроведува во наредните четири години. Ова беше истакнато на средбата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со директорот на ЕБОР за Западен Балкан, Матео Колангели.

„Концептот на новата Влада за постигнување забрзан економски раст се заснова на инвестиции. Затоа соБуџетот за наредната година капиталните расходи се планирани на 50,5 милијарди денари, што е за 13% повеќе во споредба со оваа година. Дополнително, покрај предвидените буџетски средства, дел од проектите се поддржани и од меѓународни кредитори меѓу кои најголем е Европската банка за обнова и развој. Посветени сме на забрзување на динамиката на реализација на проектите за кои се потпишани договори за заеми и тоа веќе се одвива на терен. Исто така, се работи и на капитални проекти за рамномерен локален развој, за кои оваа година беа издвоени 10 милијарди денари, а за наредната година се предвидени 250 милиони евра“, рече министерката за финансии.

Таа додаде дека со поддршка од ЕБОР се реализираат проекти во износ од 1,3 милијарди евра и дека најголемиот дел се во секторите одржлива инфраструктура, финансиски институции, индустрија, трговија и земјоделство.

Меѓу проектите за кои се обезбедени средства се автопатската делница Букојчани – Кичево, Скопје – граничен премин Блаце, потоа заеднички железнички граничен премин со Србија на ГП Табановце, други проекти од железничката инфраструктура, енергетски проекти со поддршка на зелена транзиција и сл.

На средбата стана збор и за поддршката на земјите од Западен Балкан преку Планот за раст, кој е насочен кон поддршка на реализација на проекти и буџетска поддршка за спроведување реформи. За земјата се издвоени 750 милиони евра, од кои 50% се заеми за директна буџетска поддршка и 50% заеми и неповратна поддршка за инфраструктурни инвестиции преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ).

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте