spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Министерот Филков ги посети просториите на Академијата за судии и јавни...

МП: Министерот Филков ги посети просториите на Академијата за судии и јавни обвинители

Министерот за правда Игор Филков ги посети просториите на Академијата за судии и јавни обвинители и лично се увери во несоодветноста на условитe за вршење на надлежностите на институцијата. Она што пред 18 години биле задоволителни услови за отпочнување со работа на Академијата за обука на  десетина кандидати за идни судии и јавни обвинители, денес, соочени со бројката од над 130 кандидати кои треба да ја започнат обуката на 9-тата генерација на слушатели, просторните, техничките и кадровските потенцијали ни оддалеку не овозможуваат ниту минимални услови за организација и одржување на почетната обука.

Со директорката на АСЈОРМ, Ирена Трајкоска Стрезоски, заменик  на директорот,  Илир Исени и претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев , министерот Филков ги посети старите и напуштени простории на Кривичниот суд Скопје со цел да се видат можностите на постојниот објект и во колку што е можно пократок временски рок, со минимални адаптации и финасиски средства да се создадат услови за непречено функционирање на Академијата.

Ќе создадеме услови за нормално функционирање на институциите со цел да одговориме на потребите на граѓаните, корисниците на услугите и вработените.

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

Заменик претседателот Фетаи ја претставуваше Владата на на Регионалната конференција „GovTech“...

0
Заменик-претседателот Арбен Фетаи денеска учествуваше на регионалната конференција „GovTech“ во Тирана, покрај Премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и други претставници од земјите...