spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСП: Меџити - Поддршка од ЕУ за почист воздух, предадовме шест нови...

МЖСП: Меџити – Поддршка од ЕУ за почист воздух, предадовме шест нови еколошки автобуси за Скопје

Првиот заменик претедател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање учествуваше на свечената церемонија на примопредавање на шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас, донација од ЕУ преку проектот „ЕУ за чист воздух“, за возниот парк на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) на Град Скопје.

Меџити, кој заедно со амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Н.Е. Михалис Рокас, претставничката на УНОПС Микела Телатин и градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска го изврши преимо-предавањето, рече дека денешниов настан е вистински пример за тоа како нашите заложби ги претвараме во дела.

1

„Денес е посебен ден, бидејќи со поддршка на Европската Унија и УНОПС, главниот град на државата добива 6 нови еколошки автобуси. Ова е само една од активностите што се предвидени со проектот ЕУ за чист воздух и со која директно делуваме на еден од детектираните извори на загадувањето. Со збогатувањето на возниот парк на Јавното сообраќајно претпријатије Скопје, ги подобруваме условите за користење на јавен превоз од страна на граѓаните“, изјави Меџити.

Оваа активност, додаде Меџити, доаѓа во вистинско време, бидејќи со почетокот на грејната сезона и промената на временските услови се создаваат услови за зголемување на загадувачките честички на воздухот што директно влијаат врз здравјето на луѓето.

„Во оваа прилика сакам да информирам дека иако Министерството за животна средина и просторно планирање и Владата работат во континуитет на реализација на долгорочните мерки за намалување на аерозагадувањето, оваа година проектиравме и низа дополнителни конкретни активности и ги насочивме сите расположиви ресурси во преземање на конкретни мерки со кои ќе се постигне поголем ефект во намалување на аерозагаденоста, а една од тие мерки е набавка на 100 до 120 електрични автобуси за потребите на општините и Градоит Скопје“, најави Меџити.

Првиот заменик претседател на Владата  изрази благодарност на Европската Унија и на УНОПС за поддршката во заедничката борба за чист воздух, кој што не е проблем само во нашата држава, туку и во регионот, и во ЕУ и пошироко.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Заменик претседателот Фетаи ја претставуваше Владата на на Регионалната конференција „GovTech“...

0
Заменик-претседателот Арбен Фетаи денеска учествуваше на регионалната конференција „GovTech“ во Тирана, покрај Премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и други претставници од земјите...