Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2024 година, активното население во Република Северна Македонија е 796 733 лица, од кои вработени се 698 411, а 98 322 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 52.6, стапката на вработеност 46.1, додека стапката на невработеност е 12.3.
Подетални резултати од Анкетата за работната сила може да се најдат во базата МакСтат на линкот:
https://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__PazarNaTrud__TrimesecniARS
Извор: Државен завод за статистика