На 27.11.2024 година во просториите на општина Могила се одржа 20тата Седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион.
На седницата беа разгледувани тековните и идните регионални проекти, финансиското работење на Центарот и усвоена беше Комуникациската стратегија на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион 2024-2026 година. Покрај тековните точки, согласно процедурите а по истекот на мандатот на досегашниот претседател на Советот за развој на регионот г-дин Јован Тозиевски, Советот едногласно за нов претседател на Советот за развој на Пелагонискиот Плански регион го избра Градоначалникот на општина Демир Хисар г-дин Никола Најдовски. Градоначалниците од сите општини се заблагодарија на досегашното успешно водство на претседателот Јован Тозиевски и му посакаа успешен и плоден мандат на новиот претседател г- дин Никола Најдовски.
По исцрпување на дневниот ред 20-тата Седница на Советот на регионот беше успешно завршена.
Извор: Општина Демир Хисар