spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПотпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Стоилковиќ оствари работна...

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Стоилковиќ оствари работна средба со делегација од Амбасадата на Република Австрија во Скопје од амбасадорот, Памер

Вицепремиерот и министер Стоилковиќ меѓу другото го запозна амбасадорот Памер и со функционирањето на Министерството за односи меѓу заедниците, како и фактот дека истото треба да прерасне во институција која ќе работи во корист на сите етнички заедници во земјава, но и со проектите на кои работи како заменик-претседател во Владата на РС Македонија. Во таа насока, тема на разговор беа и можностите за проширување на економската соработка меѓу двете земји, а двајцата соговорници се согласија дека економијата не е само предизвик, туку и една од најважните точки и клучна за напредок. Акцент беше ставен и на подобрувањето на економската размена меѓу двете земји и подигнување на нејзиното ниво.

На крајот од средбата двајцата соговорници се согласија дека соработката меѓу двете земји е од исклучително значење, а особено клучна е поддршката што нашата земја ја добива од Австрија кога станува збор за реформските процеси поврзани со евроинтеграциите, кои, како што беше нагласено, мора да останат на агендата и во иднина. 

Извор: Влада

Прочитајте

МДТ: Андоновски – Секој електронски документ кој е изработен од државен...

0
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски на новинарско прашање за „360 степени’’ истакна дека законот е јасен и тој гласи дека секој електронски документ...