spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Ќе биде исплатена финансиска поддршка за произведена и предадена слива кон...

МЗШВ: Ќе биде исплатена финансиска поддршка за произведена и предадена слива кон 194 лица од 8.274.180,00 денари и 86.736.366,00 денари кон 8.735 земјоделци за Програмата за земјоделство за 2023 година Подрачје со ограничени можности

Денеска исплатата кон земјоделците продолжи.

Ќе бидат исплатени корисниците од мерка 1.4 произведена и продадена слива од Програмата за Интервентен фонд за 2024 година.

Исплатата ќе се изврши кон 194 лица во вкупен износ од 8.274.180,00 денари.

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои имаат поднесено барање по подмерка 1.8. „Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади“ од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година и оствареното производство на слива го имаат продадено кај регистрирани откупувачи во период од 20 август 2024 година до 30 септември 2024 година по цена не повисока од 9,90 денари по килограм, а се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

Максимална количина на слива која е прифатлива за финансиска поддршка е 17.000 кг по пријавен хектар со слива по подмерка 1.8. „Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржувањена постоечки овошни насади“ од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Висината на финансиската поддршка изнесува 5 денари по килограм.

Во текот на денот исто така ќе се исплатат средства од Програмата за земјоделство за 2023 година Подрачје со ограничени можности.

Со финансиска поддршка од 86.736.366,00 денари се поддржани 8.735 земјоделци кои вршат земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности за производство преку мерката 9 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година.

Секој еден земјоделец е важен за Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

Ѓорче Петров: Дексион добива нова детска градинка

0
Општина Ѓорче Петров и Министерството за социјална политика, демографија и млади потпишаа договор за изградба на нова детска градинка за 120 дечиња во населеното...