spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Средба Димитриеска-Кочоска – Рокас – Пред нас е амбициозна Реформска агенда,...

МФ: Средба Димитриеска-Кочоска – Рокас – Пред нас е амбициозна Реформска агенда, посветено ќе работиме на нејзина имплементација

Националната Реформска агенда поврзана со Планот за раст на Западен Балкан на Европската комисија е дефинирана и ни претстои амбициозна реформска активност, за која ЕУ изрази силна поддршка. Ова беше истакнато на средбата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со евроамбасадорот во нашата земја Микалис Рокас.

„Реформската агенда за нашата земја 2024 – 2027 година е одобрена и таа ги предвидува сите реформи што треба да ги спроведеме во овој период, а за кои финансиски ќе бидеме поддржани од ЕУ со 750,4 милиони евра. Во тек се постапките за склучување на предвидените договори, како и за повлекување на првата транша во износ од околу 50 милиони евра. Министерството за финансии е подготвено да ги имплементира предвидените реформи, кои воедно ќе значат унапредување на системот на управување со јавните финансии“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Таа му се заблагодари на шефот на Делегацијата на ЕУ, Рокас за поддршката што ја добива земјата од нивна страна и потенцира дека таа поддршка ќе има огромен придонес и во периодот на спроведување на оваа значајна Реформска агенда.Исто така, на средбата стана збор за имплементација на проектите коишто се поддржани преку фондовите на ИПА, а притоа беше истакната определбата за зајакнување на капацитетите за поголема апсорпција на средства, како и можностите за промени во таа насока.

Министерката потенцира дека средствата од ЕУ преку овие фондови претставуваат значајна поддршка на проектите што ги спроведува Владата, а кои се планирани со усвоениот Буџет за 2025 година. Станува збор за проекти насочени кон подобрување на патната и железничката инфраструктура, воспоставување канализациски и водоводни системи, пречистителни станици, за управување со отпадот по европски стандарди, како и проекти во енергетскиот сектор и сл.„Главна карактеристика на Буџетот за 2025 година е развојот и тој е основа на новиот концепт за развој на државата и постигнување повисоки стапки на економски раст“, рече министерката за финансии.

Извор: Министерство за Финансии

Прочитајте