spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Субвенции за постоечки и поставување на нови лифтови во зградите

Карпош: Субвенции за постоечки и поставување на нови лифтови во зградите

Согласно Програмата за уредување на градежно земјиште за 2025 година, Општина Карпош денеска за своите сограѓани објави Јавен повик за доделување на финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови и поставување нови лифтови на станбени згради за колективно домување, на своја територија.

            Во таа насока, локалната самоуправа ќе субвенционира најмногу до 50%, но не повеќе од 500.000 денари од вкупниот износ на вредноста на поправката и/или санацијата на постоечкиот лифт, како и за поставување на нов лифт.

Оттука, во постапката за поставување на нови лифтови, Заедницата на сопственици е должна да ја обезбеди целокупната потребна документација согласно позитивните законски прописи (проекти, одобренија и сл). Во случајов, Општината обезбедува парични средства за набавка на нов лифт, но не ги покрива и трошоците поврзани со градежните работи (отворање на окно за лифт, отстранување на градежниот отпад и слично).

Право на учество на јавниот повик имаат сите оние коишто се регистрирани како Заедници на сопственици (ЗС) или со заедницата да управува правно лице – Управител (УСЗ), согласно Законот за домување, а субвенциите ќе се доделуваат по принципот „прв дојден –прв услужен“, до исцрпување на финансиските средства за оваа намена.

Потенцијалните корисници на субвенциите треба целосно да ги исполнат условите и критериумите кои се пропишани во Јавниот повик, што значи дека станбените згради за колективно домување треба да бидат постари од 25 години. Исто така, Заедницата на сопственици/Управителот на станбените згради треба да достави Одлука од сопствениците на станбените единици, дека сопствениците на посебните делови се согласни да се изврши поправка и/или санација на постоечкиот лифт и/или поставување нов лифт. Покрај тоа, сопствениците на посебните делови треба да изразат согласност да учествуваат со сопствени средства за дел од вкупниот износ за поправка и/или санација на постоечки лифт и/или поставување нов лифт, (во прилог кон Одлуката да достават список со потписи од 50% плус 1 (еден) сопственик). Според условите на Јавниот повик, апликантите треба да приложат и имотен лист (не постар од шест месеци), со кој се докажува сопственоста. Во случајов, потребно е да се достави имотен лист за секој стан засебно, со кој ќе се потврди сопственоста на апликантите. Имотните листови да се достават  во оригинал или нотарски заверена копија (за 50% плус еден сопственик).

            Пријавите треба да се достават до Општина Карпош, преку пошта на адреса: ул. Радика бр.9 ,1000 Скопје, или во архивата на Општина Карпош, со назнака:

            Јавен повик за доделување финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови и поставување нови лифтови на станбени згради за колективното домување во Општина Карпош.

            Заинтересираните странки можат да добијат повеќе детали околу условите и потребната документација, на следниве линкови:

                                                             Јавен повик:

https://karpos.gov.mk/wp-content/uploads/2017/08/Javen-povik-za-popravka-i-sanacija-na-liftovi-za-2025.pdf

                                                    Правилник за лифтови:

https://karpos.gov.mk/wp-content/uploads/2017/08/Pravlnik-za-popravka-i-sanacija-na-liftovi-za-2025.pdf

                                                     Апликација за лифтови:

https://karpos.gov.mk/wp-content/uploads/2017/08/Aplikacija-za-popravka-i-sanacija-na-liftovi-za-2025.pdf

            За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на следниве телефонски броеви: 071/350-388 или 076/299-175.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Ѓорче Петров: По 7 години, 27 наставници добија решенија за трајно...

0
Во Општина Ѓорче Петров беа доделени 27 решенија за трансформација на работниот однос на наставници од сите шест основни училишта во општината. По седум...