spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Ново возило за транспорт на гранки и лисја

Карпош: Ново возило за транспорт на гранки и лисја

Согласно стратегијата и програмските активности кои ги планираше Секторот за екологија и енергетска ефикасност, Општина Карпош од својот буџет издвои околу 4,5 милиони денари за набавка на ново товарно возило со хидраулична преса, кое служи за транспорт на гранки, лисја и друг органски отпад.

Во таа насока, денеска за првпат на теренот беше пуштено во употреба и ова специјализирано возило, со чија употреба ќе бидат удвоени капацитетите на општинските служби кои се грижат за одржување на јавната хигиена на територија на локалната самоуправа. Имено, Општината досега располагаше само со едно возило од овој тип, а позитивните ефекти од користењето на новата механизација ќе бидат забележливи во кус временски рок, во интерес на граѓаните и на одржување на здравата животна околина.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Ѓорче Петров: По 7 години, 27 наставници добија решенија за трајно...

0
Во Општина Ѓорче Петров беа доделени 27 решенија за трансформација на работниот однос на наставници од сите шест основни училишта во општината. По седум...