Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на Р.М.” бр.5/02 и „Службен весник на РСМ“ бр. 202/24), Правилникот за обезбедување простор и покривање на режиски трошоци за општинските читалници на територија на Општина Центар-Скопје бр. 09-898/1 од 9.2.2024 година и точка 4.7 од Програмата за култура на Општина Центар – Скопје бр.08-5795/38 од 27.12.2024 година (Службен гласник на Општина Центар – Скопје бр.13/2024), Општина Центар – Скопје објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за обезбедување простор и покривање на режиски трошоци за општинските читалници на територија на Општина Центар-Скопје
1.Предмет на јавниот повик:
Во согласност со Правилникот за обезбедување простор и покривање на режиски трошоци за општинските читалници и Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2025 година, Општината обезбедува простор за своите читалници „Славко Јаневски“ и „Ацо Шопов“ и ги покрива трошоците за комуналии и кирија. Намената на читалниците, покрај едукативната дејност со големиот фонд книги со кои располагаат, е да се користат и како место за средби и дружења. Исто така, предвидено е плански да се организираат и одредени активности според потребите на секторите во Општината.
Овој Јавен повик се објавува на огласната табла и на веб-страницата на Општина Центар – Скопје https://www.centar.gov.mk/
2.Услови за пријавување:
2.1. Право на учество: На овој повик можат да се пријават сопственици на деловен простор на подрачје на Општина Центар-Скопје.
2.2 Место/локација предвидени за општинските читалници „Славко Јаневски“ и „Ацо Шопов“: Деловен простор што се наоѓа на радиус од 1 км од образовна институција.
3.Критериуми: Во согласност со Правилникот за обезбедување простор и покривање на режиски трошоци за општинските читалници „Славко Јаневски“ и „Ацо Шопов“ ќе се спорведе постапка за прибирање на понуди.
3.1. Општина Центар-Скопје прибира најмалку три понуди за обезбедување на простор за општинските читалници.
3.2. Понудите се доставуваат преку Архивата на ОПштина Центар-Скопје до Секторот за јавни дејности со назнака Одделение за култура.
3.3. Понудувачот подготвува еден оригинален примерок со ознака „оригинал“. Понудата ја потпишува сопственикот на деловниот простор. Сите страници на понудата ги парафира лицето кое ја потпишува понудата.
3.4. Понудата треба да ги содржи следните елементи:
– Цена;
– Деловен простор на подрачје на Општина Центар-Скопје што се наоѓа на радиус од 1 км од образовна институција;
– Имотен лист.
4.Комисија за евалуација и критериуми:
Евалуацијата на понудите ќе ја спроведува Комисија формирана од Градоначалникот од редот на вработените во Секторот за јавни дејности. Како критериум при разгледувањето на понудите се зема цената, како и местоположбата на објектот со обезбедување на континуитет и пристапност на просторот и условите за намена за граѓаните за кои се закупува, вклучувајќи го закупот на деловниот простор и режиските трошоци за истиот, но не поголем од вкупниот износ 900.000,00 денари на годишно ниво.
5.Начин и рок на поднесување на понудите:
Рок за поднесување на понудите е 5 (пет) дена од денот на објавување на Јавниот повик на веб-страницата на Општина Центар-Скопје.
Понудата со целокупната документација може да се достави преку пошта на адреса:
Општина Центар-Скопје
ул. „Михаил Цоков“ бр.1, 1000 Скопје
или во Архивата на Општина Центар-Скопје (барака 6) од 9.00 до 15.00 часот.
Документацијата доставена со понудата по објавениот Јавен повик не се враќа. По евалуација на понудите и избор на најповолен понудувач, Комисијата ќе достави предлог до Градоначалникот на Општина Центар-Скопје за склучување на Договор за закуп на деловен простор со избраниот најповолен понудувач
Напомена: Понудите со нецелосна документација и понудите што ќе бидат доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.
Извор: Општина Центар