spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Промовирана Монографија за населба Илинден, второ дополнето издание

Илинден: Промовирана Монографија за населба Илинден, второ дополнето издание

Во просториите на Домот на култура „Илинден“ беше промовирана Монографија за населба Илинден, второ дополнето издание.

Монографијата е плод на долгогодишните истражувања, собирања на податоци, информации, фотографии, усни преданија од страна на иницијаторот за создавањето на едно вака значајно дело, Драги Ангеловски и искуството, знаењето и истражувањата на нашиот познат историчар, зад кого се безброј вакви трудови, проф. д-р. Ѓорѓи Малковски.

За оваа книга користени се многу историски извори при што е направен избор на она што е поважно и позначајно, она што треба да биде запаметено и оставено како трага на идните генерации за историјата на нивната населба, за нивните корени.

Излегувањето од печат на оваа Монографија е под целосно  покровителство на Општина Илинден и градоначалникот Александар Георгиевски, каде се даде комплетна подршка во печатењето, лекторирањето, рецензијата и графичкиот дизајн и обработка, како и директна поддршка на самите автори, со што општината ја реализираше својата улога во креирањето на ова трајно дело во насока на зачувување од заборавот на времето на многу настани, многу личности кои што оставиле историски белег во животите на жителите на населба Илинден.

Ова историско дело претставува основа за некои идни истражувања, дополнувања или нови вакви историски трудови а се поврзани со населеното место Илинден.  

Во рамки на музичкиот дел настапија членовите на Ансамблот за народни песни и игри „Илинден“, членовите на здружението на пензионери Илинден, како и младата Тијана Тушевска. Присутните имаа можност да ја разгледаат и поставената ликовна изложба на академскиот сликар Новица Трајковски, а платната на тие врвни уметнички дела ги красат прекрасни мотиви кои се исклучиво инспирирани од населба Илинден.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Ѓорче Петров: По 7 години, 27 наставници добија решенија за трајно...

0
Во Општина Ѓорче Петров беа доделени 27 решенија за трансформација на работниот однос на наставници од сите шест основни училишта во општината. По седум...