spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПрилеп: Борче Јовчески ја превзеде функцијата градоначалник

Прилеп: Борче Јовчески ја превзеде функцијата градоначалник

Во Општина Прилеп вчера официјално беше извршено предавање на функцијата градоначалник, од досегашниот градоначалник Илија Јованоски на новоизбраниот  градоначалник Борче Јовчески. Од страна на Општинската изборна комисија им беа доделени уверенија на новоизбраниот градоначалник Јовчески, како и на сите 27 советници во Советот на Општина Прилеп.

По превземањето на функцијата новоименуваниот градоначалник Јовчески се заблагодари за укажаната доверба и истакна дека ќе биде градоначалник на сите граѓани на Општина Прилеп.

„Во наредните четири години ќе стартувам со промените кои што ги ветивме преку проектите во нашата програма. Мојата врата ќе биде ширум отворена за сите граѓани и жители на населените места. Проблемите кои што ги имаат во секојдневниот живот ќе бидат решени  заедно со мене и Советот со кој што заедно ќе работиме во наредните четири години“, истакна новиот градоначалник на Општина Прилеп, Борче Јовчески на вчерашното обраќање по повод превземањето на градоначалничката функција.

Новоименуваниот градоначалник Јовчески веднаш по превземањето на функцијата ги посети сите сектори во Општина Прилеп и се поздрави со сите вработени при што истакна дека очекува успешна соработка.

Како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Јовчески, уште во првиот круг на седмите локални избори што се одржаа на 17 октомври 2021 година ја обезбеди довербата на граѓаните да ја води општина Прилеп во наредните четири години.

За утре е закажана конститутивната седница на Советот на Општина Прилеп на која што ќе бидат верифицирани 27 мандати на членовите на Советот, а исто така  ќе биде избран и новиот претседател на Совет.

 

Извор: Општина Прилеп 

Прочитајте

Мицкоски: За многу скоро од денес од оваа говорница ќе слушате...

0
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност ќе слушне што се...