spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаВерувам дека ќе отвориме нова страница во односите со Бугарија и изградиме...

Верувам дека ќе отвориме нова страница во односите со Бугарија и изградиме искрено пријателство

Формирањето на нови влади и кај нас и во Бугарија дава нова шанса и надеж во разговорите што ги водиме со нашиот сосед, вели претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за МИА.

„Веќе имаме поставени основи за разговорите кои ни даваат слика каде се застанати преговорите и како треба да продолжиме. Со новиот премиер Петков очекувам дека ќе изградиме коректен и пријателски однос, а реториката меѓу двете држави ќе биде на високо ниво. Тоа е предуслов да напредуваме. Зближувањето и соработката меѓу двете земји во сите области од животот е важен предуслов за отстранување на сомневањата и погрешните перцепции. Јас сум подготвен да отвориме нова страница во односите со Бугарија и да изградиме искрено пријателство и подобра иднина за двете земји.“ вели Ковачевски.

Претседателот на СДСМ и мандатар во интервјуто за МИА додава дека гласот на омразата мора да се стиши и двете држави да се посветат на заедничкиот интерес на народите и на државите, преку взаемно почитување и градење иднина.

„Треба да се стиши гласот на омразата. Имаме реално повеќе сличности од разлики како држави и мора да се концентрираме на заедничкиот интерес. Само со ваков пристап ќе бидиме запаметени како лидери кои балканските конфликти ги надминале со европски пристап. Преку политика на взаемно почитување, градење иднина, соработка и компромиси“ вели Ковачевски.

 

 

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

МЗШВ: Министерот Трипуновски во Црна Гора потпиша Протокол за соработка со...

0
Денеска во Црна Гора министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со Владимир Јоковиќ, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство потпишаа Протокол за...