СДСМ 5 години Клиничкиот во Штип не можат да го довршат, а проектот за Клинички во Скопје го прекинаа за да крадат.
5 години стои Клиничкиот центар во Штип не допрен. Целосно изграден со завршени градежни работи, на него скоро и да не се направи ништо изминативе години, а можеше да биде готов уште пред 3 години.
Оваа влада имаше готов проект за Клиничкиот центар Мајка Тереза, со обезбедени средства, кој ќе чинеше 120 милиони евра, но го прекинаа проектот за да можат да крадат, па смислија дека ќе градат нов за половина милијарда евра. 4 пати поскапо. Без основа и без потреба.
Човек почина во кратовско затоа што немаше болничко возило да биде испратено по него, па беше носен од лекар на раце во снег.
Жена почима во Штип затоа што немаше кој да ја приклучи на кислород.
14 луѓе живи изгореа затоа што наместо во објекти како што треба, пациенти се ставаа во картонски кутии.
Секој ден слушаже сведоштва за крахот на здравството. А СДСМ се што правеше е бркање провизии, кои Заев и Филипче сакаа да ги наплатат од вакцините, и затоа последни добивме вакцини.
Срамота е СДСМ да зборува за здравство. Подобро ќе биде да молчат, а ќе зборуваат наскоро за криминалите кои ги направија таму, за што треба добро на народот да му објаснат зошто трчаа по провизии, наместо да се грижат за нивното здравје.
Извор: ВМРО ДПМНЕ