spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПоддршката за лозарите и винарите е постојана и значи економски развој, нови...

Поддршката за лозарите и винарите е постојана и значи економски развој, нови вработувања и конкурентност на домашниот и странскиот пазар

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска посети повеќе места во Тиквешкиот регион, честитајќи го Св. Трифун и посакувајќи успешна година на лозарите и винарите, при што истакна дека Владата останува партнер за развој на земјоделските дејности со најголем раст во нашата земја.

Премиерот Ковачевски во Демир Капија и Кавадарци ги посети винарниците „Кралица Марија“, „Попови“, и винарниците на Тиквеш во селата Трстеник и Лепово, и со нивните први луѓе разговараше за долгорочната стратегија на Владата која меѓу другото вклучува мерки за подобрување на амбиентот за стопанисување, поволен и за лозарите и винарниците.

 

Дел од тие мерки се и измените во Програмата за финансиска поддршка во земјоделството со авансната финансиска поддршка, зголемениот износ за мерката зелена нафта, како и грантовите за малите винарници.

Заедно со останатите мерки, како и со мерките од ИПАРД Програмата, кои се дополнителна поддршка за модернизирање и развој на оваа гранка преку инвестиции за изградба на винарници и набавка на опрема и друго, поддршката за лозарите и винариите обезбедува економски развој на Тиквешкиот регион, нови вработувања и конкурентност на производите на домашниот и странскиот пазар.

 

Премиерот Ковачевски, на денешните средби со лозарите и винарите, во придружба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Абдулшуќур Абедини и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, потенцираше дека Владата продолжува со мерките и стимулациите за производство на квалитетно грозје и вино на пазарот, со цел негова поголема промоција и зголемување на извозот, оценувајќи дека се надминати времињата на неизвесност за лозарите и винарите.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....